Дома Фудбал На 30 фудбалери им се заканува суспензија во Лигата на шампионите!

На 30 фудбалери им се заканува суспензија во Лигата на шампионите!

Стигнавме до највозбудливиот дел – осум тима денес ја продолжуваат трката за големиот трофеј на Лига на шампиони и секој играч и секоја ситница има своја тежина, вклучувајќи го и ризикот од суспензија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Доколку заработат жолт картон, до 30 фудбалери може да останат надвор од терените во реваншите следната недела. Некои од нив, поради повреди, како што се Родриго од Реал Мадрид, Конор Бредли од Ливерпул и Пабло Бариос од Атлетико Мадрид, и онака не би играле.

Атлетико Мадрид е во потенцијален голем проблем бидејќи им се заканува суспензија на осум играчи. Реал Мадрид има седум вакви фудбалери, а ѕвезди како Винисиус, Мбапе и Белингем се на листата. Во Барселона пак во иста ситуација се Ламин Јамал и Фермин Лопез.

Ова се фудбалерите кои ќе мора да ги пропуштат реваншите доколку добијат жолти картони:

Реал Мадрид: Хаусен, Карерас, Чуамени, Белингем, Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго (повреден)
Баерн Минхен: Лајмер, Упамекано

Спортинг: Луис Суарез
Арсенал: Зубименди, Норгаард

ПСЖ: Кварацхелија, Нуно Мендеш
Ливерпул: Бредли (повреден), Гравенберг, Џонс, Ван Дајк

Барселона: Жерар Мартин, Касадо, Фермин Лопез, Ламин Јамал
Атлетико Мадрид: Јоренте, Ленорман, Ленгле, Публих, Руджери, Симеоне, Алмада, Бариос (повреден)

Вечерва силите ќе ги одмерат Реал Мадрид – Баерн Минхен и Спортинг – Арсенал, додека утре исто така во 21:00 часот во ќе се сретнат ПСЖ – Ливерпул и Барселона – Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) „Комити“ вечерва го обоија Скопје во црвено-црно

Навивачката група „Комити“ вечерва го обоија главниот град на Македонија во црвено-црна бо…