Дома Фудбал Гатузо си замина, но со еден потег ги воодушевил Италијанците!

Гатузо си замина, но со еден потег ги воодушевил Италијанците!

Италијанскиот фудбал се соочува со еден од своите најтешки периоди, откако репрезентацијата повторно не успеа да се пласира на Светското првенство, со што продолжи низата разочарувања уште од победата во 2006 година. Поразот од Босна и Херцеговина на пенали беше последниот удар кој го предизвика масовен бран оставки во Италијанската фудбалска федерација, вклучително и оние на претседателот Габриеле Гравина, генералниот директор Џанлуиџи Буфон и селекторот Џенаро Гатузо.

Иако болен пораз со Босна и Херцеговина, исходот не беше сосема неочекуван. Гатузо го презеде тимот во нестабилно време во квалификациите, но му недостасуваше јасен идентитет и офанзивна ефективност. Напнатата средба против Босна го потврди дека Аѕури по третпат по ред нема да учествуваат на Светското првенство, што се случува првпат во нивната историја и предизвика огромно незадоволство кај италијанската спортска јавност.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По шокантното испаѓање, следуваше обемна реорганизација на врвот во Италијанската фудбалска федерација. За само неколку дена, своите оставки ги дадоа претседателот Гравина и директорот Буфон. Селекторот Џенаро Гатузо се приклучи на ваквите одлуки минатиот петок, нешто помалку од година откако го презеде кормилото на селекцијата од Лучано Спалети во јуни 2025 година.

Сепак, неговото соопштение доцнеше неколку дена, што предизвика прашања во италијанските медиуми за вистинските причини зад тоа.

Дневниот весник Corriere della Sera откри дека причината за доцнењето не биле преговори за иднината на Гатузо или менаџерска препирка, туку исплатата на отштетата за членовите на неговиот стручен штаб.

Гатузо инсистирал дека пред официјалното објавување на неговата оставка треба да се подмират сите обврски кон неговите соработници, дури и по цена на сопствените финансиски права. Имено, селекторот се откажа од преостанатиот износ од неговиот договор со Федерацијата за да осигура дека неговите помошници што побрзо ќе ги добијат своите исплати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантно: Италија поради елиминацијата губи и милијарда евра!

Додека Босна и Херцеговина го слави својот историски успех со влезот на Светското првенств…