
Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, кога од трибините се слушна непријатното скандирање „Кој не скока, тој е муслиман“. На тоа прв реагираше Ламине Јамал, а потоа и неговиот татко, Мунир Насрауи.
Натпреварот се играше на стадионот на Еспањол, а никој не очекуваше дека ќе привлече толку внимание поради инцидентот на трибините.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во еден момент, домашните навивачи почнаа да скандираат „Кој не скока, тој е муслиман“, иако еден од нивните најдобри играчи, Ламине Јамал, е муслиман.
Таа постапка го потресе младиот играч на Барселона, но тој не сакаше да го нагласува тоа по крајот на натпреварот.
“Не вреди да се зборува за тоа. Немам одговор на такви нешта. Ние знаеме какви се нашите вредности и не вреди да го споменувам тоа”, изјави Јамал.
Сепак, неговиот татко Мунир Насрауи, кој исто така е муслиман, одлучи да реагира по случувањата.
Таткото на Јамал испрати силна порака по скандалозното однесување на некои шпански фанови, порака која одекна низ Пиринејскиот Полуостров и светот.
“Да живеат сите муслимани, христијани и евреи на светот, да живеат сите добри луѓе. Сите сме браќа. Почитувајте и ќе ве почитуваат”, порача таткото на еден од најпознатите фудбалери во светот.
🚨💣 😳 Таткото на Ламине Јамал, Мунир Насрауи, жестоко одговори на скандалозните навивали „кој не скока, муслиман е“ од шпанските фанови за време на натпреварот против Египет.
— Mr Wills (@MrWills96) April 2, 2026
🗣️ „Жал ми е за случувањата, но да живее Шпанија, муслиманите, христијаните и… pic.twitter.com/OpVkaKRN8i
Многу луѓе во Шпанија ја осудија сцената која се случи на стадионот на Еспањол, нагласувајќи дека таквото однесување е неприфатливо не само кон нивните репрезентативци, туку и кон секој човек.
Колку беше погоден Јамал од случувањата можеше да се види веднаш по завршувањето на натпреварот, бидејќи тој беше единствениот играч на Шпанија што веднаш го напушти теренот.
Ламине Јамал не остана на теренот по натпреварот против Египет вчера. Тој веднаш си замина.
— Anabella💙❤️ (@AnabellaMarvy) April 1, 2026
Можеше да се види дека не беше среќен. Шпанските фанови се непријатниpic.twitter.com/5ObAqZ5QV0