Дома Фудбал Знаете ли кој го даде последниот гол за Италија на едно Светско првенство?

Знаете ли кој го даде последниот гол за Италија на едно Светско првенство?

Италијанската фудбалска репрезентација, по поразот на пенали од Босна и Херцеговина во Зеница на финалето од баражот за СП, по трет пат последователно остана без учество на светската сцена. Тоа е неверојатен дебакл не само за италијанскиот фудбал и спорт, туку и за самата држава, бидејќи Италија е една од најфудбалските нации во светот. Националниот тим на Италија е еден од најуспешните во историјата на СП, со освоени четири титули од светски шампион (1934, 1938, 1982, 2006), два пати сребро (1970, 1994) и бронза (1990).

Така, репрезентација од таков калибар повторно не успева да се квалификува за СП. Поради овој неочекуван пад на италијанскиот фудбал, мора да се вратиме во минатото за да се сетиме на последниот гол на Италија на ова ниво. Тоа беше пред 4310 дена, на 15 јуни 2014 година, кога Италија ја победи Англија со 2:1 во првиот натпревар од групната фаза на СП во Бразил. Во срцето на Амазонија, победничкиот гол за Италија го постигна Марио Балотели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, веднаш потоа почнува незамисливиот пад на италијанската репрезентација, бидејќи загубија двете преостанати натпревари во групата со по 0:1 од Костарика и Уругвај. Со тоа не успеаја да ја поминат групата во Бразил, а потоа не се квалификуваа за мундијалите во Русија, Катар и сега во САД, Мексико и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Буфон поднесе оставка по елиминацијата на Италија од БиХ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, шефот на делегацијата на италијанската репрезентација, поднес…