Дома Останати Ракомет Tрагедија: Почина поранешен спортски директор и тренер на Вардар!

Tрагедија: Почина поранешен спортски директор и тренер на Вардар!

Руската спортска јавност е во шок по трагичната вест за смртта на легендарниот ракометар и тренер Едуард Кокшаров, кој почина на само 51-годишна возраст.

Кокшаров починал во Брест, каде што во последниот период ја извршуваше тренерската функција во Мешков Брест.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За македонската спортска сцена, неговото име е тесно поврзано со Вардар. Во ерата кога клубот беше предводен од Сергеј Самсоненко, Кокшаров имаше значајна улога како спортски директор, а во неколку наврати застануваше и на клупата како привремено решение – и кај машкиот и кај женскиот тим.

Тој беше дел од „златниот период“ на Вардар, кога скопскиот гигант ги освои европските титули во 2017 и 2019 година, достигнувања кои засекогаш ќе останат запишани во историјата на клубот.

Во својата кариера, Кокшаров остави белег и на репрезентативно ниво како селектор на Русија, а работеше и во клупскиот ракомет како тренер на Ростов Дон.

Како играч, зад себе имаше импресивна кариера – освои бројни медали со руската репрезентација и постигна повеќе од 1.000 голови, со што се вбројува меѓу најголемите имиња во историјата на рускиот ракомет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид продолжува да гради силен тим: Пристигна хрватски репрезентативен голман!

ГРК Охрид го објави првото засилување за следната сезона, а станува збор за искусниот чува…