Дома Моторспорт Мерцедес има нов ѕвер: Кими Антонели запиша нова победа и го повтори успехот од 1953 година

Мерцедес има нов ѕвер: Кими Антонели запиша нова победа и го повтори успехот од 1953 година

Големата награда на Јапонија донесе многу возбудувања за време на самата трка, но победникот е ист како и во Кина, а тоа е Кими Антонели. Италијанецот, исто како и пред две недели, постигна нова победа во Формула 1.

Иако изгуби позиции на стартот, како и неговиот тимски колега Џорџ Расел, Кими имаше среќа за време на излезот на безбедносното возило и се врати на врвот.

Откако се врати на врвот, Антонели тргна во нова доминација и создаде голема предност во однос на второпласираниот Оскар Пиастри.

Тој е првиот Италијанец по Аскари кој во 1953 година постигна две победи последователно во Формула 1.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Расел издоминира во Баку, Антонели најголем губитник

Британецот Џорџ Расел се круниса со победа на Големата награда на Азербејџан, во трка каде…