
Нејмар не доби повик за новото собирање на бразилската репрезентација пред пријателските натпревари против Франција и Хрватска на крајот на март, а откако беше објавен списокот, тој не го криеше своето разочарување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нејмар (34) се огласи откако бразилскиот селектор Карло Анчелоти го објави списокот на играчи на кои смета за натпреварите против Хрватска и Франција кон крајот на март во САД.
„Морам да го кажам ова, бидејќи не може да помине незабележано. Не можам да молчам…“, изјави Нејмар за бразилските медиуми и додаде:
„Секако дека сум вознемирен и тажен што не сум повикан. Но, фокусот останува – ден по ден, тренинг по тренинг, натпревар по натпревар. Сеуште сме целосно концентрирани. Ќе го постигнеме нашето цел. Пред нас е уште конечниот список“, порача одличниот напаѓач кој во последните две години го мачеа повреди.