
Полека започнува новата сезона на Формула 1. Викендот позади нас понуди двојна програма во Шангај, каде што во сабота видовме спринг трка, а потоа во недела и класична трка за Големата награда на Кина. Додека на почетокот од новата сезона работите одат одлично за Мерцедес, а и Ферари може да биде задоволен, катастрофално започна сè за актуелните шампиони во конструкторскиот пласман Мекларен. „Шлаг на тортата“ во негативна смисла беше неделната трка.
Минатогодишниот шампион Ландо Норис и неговиот тимски колега Оскар Пиастри во квалификациите завршија на петто и шесто место и требаше да стартуваат од третиот стартен ред, зад двата Мерцедеси и Ферари. Требаше, но на крајот не стартуваа. Имено, непосредно пред стартот, на нивните болиди се појавија технички дефекти во електричниот дел на погонската единица, кој управуваше со батеријата и хибридниот систем.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Болидот на Норис имаше проблем со електрониката уште додека беше во гаражата и првично стигна вест дека тој нема да настапи. Пиастри се појави на гридот, но и на неговиот болид се појави ознака за електричен дефект на пауер-юнитот, па механичарите го вратија во гаража.
Дефектите беа одделни и неочекувани, уште повеќе што двата болида нормално ги извршија квалификациите, а и саботната спринг трка во која и Норис и Пиастри освоија поени, пласирајќи се на четврто и шесто место.