Дома Фудбал И повреден скокаше од радост, еве како реагираше Мбапе на хет-трикот на Валверде (Видео)

И повреден скокаше од радост, еве како реагираше Мбапе на хет-трикот на Валверде (Видео)

Реал Мадрид оствари победа со 3:0 против Манчестер Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Сите три гола ги постигна уругвајскиот играч од средниот ред, Федерико Валверде. Иако Сити пристигна на Бернабеу со улога на фаворит, бидејќи Реал играше без неколку од своите најголеми ѕвезди.

Пореди повреда, надвор од игра беа стандардни првотимци како Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Родриго, Едер Милитао и Давид Алаба. Сепак, тренерот Алваро Арбелоа успеа да го надмудри многу поискусниот колега Пеп Гвардиола, доведувајќи го неговиот Сити на работ од елиминација во Лигата на шампионите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Предводникот на нападот за Реал, Килијан Мбапе, ја следеше средбата од трибините. Камерите ги снимаа неговите реакции во текот на целиот меч, а посебно се радуваше кога Валверде го постигна третиот гол. Французинот иако повреден скокаше на своето место.

Реакцијата на Килијан Мбапе на хет-трикот на Феде Валверде против Сити на Бернабеу.
by u/BlazingFirey in soccer

Сезонава има проблеми со повреда на лигаментите на коленото, што го принуди на пауза. Проблемите започнаа кон крајот на минатата година. Беше вратен во игра недоволно закрепнат, што ја влоши неговата состојба. Не се знае точно кога ќе се врати на теренот. И покрај предизвиците, Мбапе успеа да постигне 38 голови оваа сезона во 33 натпревари за Кралскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп ги одби Ливерпул и Реал Мадрид, и тоа сè поради работа од соништата

Изненадувачки вести пристигнуваат од Германија и се однесуваат на одличниот тренер Јирген …