
Уште еден одличен ден е пред нас во поглед на понудата. Се игра во сите најјаки лиги ширум Европа, а ова е нашиот предлог тикет за денес.
Манчестер Јунајтед – Астон Вила – ГГ @ 1.67 во 1xBit
Црвените Ѓаволи после одличната серија резултати во последното коло запишаа пораз од Њукасл, но во целата таа ситуација позитивно испадна што се уште се во зоната за пласман во Лигата на шампиони, а добро познато е дека тоа им е врвен приоритет. На гости им доаѓа Астон Вила, тимот кој има ист број бодови како и Манчестер и кој оваа година прикажа фантастични игри како во Премиер лигата така и во Европа. Ние овде решивме да го избегнеме конечниот исход и наш предлог е ГГ со квота 1.67 во 1xBit.
Комо – Рома – 3+ @ 2.10 во 22Bet
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Ниту најголемите оптимисти не очекуваа вакви изданија од страна на тимот на Комо. Имено, тие досега собраа 51 бод што е доволно за да бидат на горниот дел на табелата и да бидат полноправни конкуренти за пласман во Лигата на шампиони. Гостите пак играат некако просечно и немаат некој импресивен учинок, па повторно ќе мора да се борат до самиот крај за пласман во Европа. Како и да е, овде очекуваме ефикасен натпревар и одлучивме да типуваме 3+ со квота 2.10 во 22Bet.
Штутгарт – Лајпциг – ГГ @ 1.40 во BetLabel
Последниот натпревар од тековното коло во германската Бундеслига очекуваме да биде возбудлив и неизвесен. Во него ќе се сретнат екипите на Штутгарт и Лајпциг, поточно две екипи кои оваа година се слични по квалитет и имаат исти амбиции. Општиот впечаток за домаќините е солиден, па доколку успеат да стигнат до ЛШ тоа би било огромен успех и исполнување на целта. За Лајпциг пак пласманот во ЛШ е императив и да бидеме искрени се на добар пат да го направат тоа, но немаат право на многу киксови. Овој натпревар како што и претходно спомнавме треба да биде возбудлив и интересен, а очекуваме и најмалку по еден погодок на двете страни. Типуваме ГГ со квота 1.40 во BetLabel.
Митиланд – Нордсјеланд – 1 @ 1.42 во 22Bet
Данската Супер лига веќе се подели на два дела, а ние за вас издвоивме натпревар од плеј оф каде што ќе се сретнат екипите на Митиланд и Нордсјеланд. Домаќините се на втората позиција и имаат 4 бода заостаток зад лидерот Архус, но искрено тоа не е некоја голема разлика, па за нив титулата се уште изгледа како возможна мисија. Нордсјеланд пак ќе мора да се задоволи само со навремен опстанок со оглед на фактот дека се на последната 6-та позиција, а конкуренцијата за Европа оваа година е доста голема. Ние овде даваме предност на домаќините и типуваме 1 со квота 1.42 во 22Bet.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 6.97
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk