Дома Фудбал Ѕвезди на Баерн Минхен намерно добивале жолти картони во ЛШ!?

Ѕвезди на Баерн Минхен намерно добивале жолти картони во ЛШ!?

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Баерн го декласираше Аталанта во Бергамо со убедливи 6:1. Головите за германскиот великан ги постигнаа Станишиќ, Олисе, Гнабри, Џексон, повторно Олисе и Мусиала, додека единствениот стрелец за италијанскиот тим беше Пашалиќ. Меѓутоа, освен високата победа, натпреварот беше обележан со необична ситуација со двајца играчи на Баерн, што покрена прашања за намерно добивање жолти картони.

Двајцата играчи на Баерн, Јошуа Кимих и Мајкл Олисе, биле во ризик од суспензија за реванш натпреварот ако добијат жолт картон. При резултат од 6:0, Олисе, кој со два гола и асистенција беше прогласен за играч на натпреварот, доби жолт картон во 77. минута поради одложување при изведување корнер. Само седум минути подоцна, неговиот соиграч и капитен Јошуа Кимих ја употреби истата тактика и исто така беше опоменат поради одложување пред изведување удар од агол во 84. минута.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со оглед на тоа што пласманот беше практично осигуран, веднаш се постави прашањето дали Кимих и Олисе намерно добиле жолти картони за да го пропуштат реваншот на 18 март во Минхен и да влезат во четвртфиналето без закана од суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…