Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри пред дербито во ЛШ ги откри разликите помеѓу Дибала и Меси

Алегри пред дербито во ЛШ ги откри разликите помеѓу Дибала и Меси

alegri

Јувентус утре го игра својот натпревар против Барселона во Лигата на шампионите, а пред овој натпревар како и тренерот Ернесто Валверде, пред медиумите зборуваше и Масимилијано Алегри.

Паоло Дибала игра одлично оваа сезона, како и Меси во Барселона, па од тренерот на Италијанците беше побарано да направи споредба помеѓу двете аргентински фудбалски ѕвезди.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Дибала и Меси се различни фудбалери. Меси е брз и експлозивен на стартот, од друга страна Дибала е аеробичен. Меси е невозможно да го чувате со еден фудбалер, за да го запрете потребно е целиот тим да работи добро, тој може да пронајде простор онаму каде што никој друг не може“, изјави Алегри.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона се игра утре со почеток во 20:45 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валверде даде ветување: Еве што ќе направи ако ја освои ЛШ

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на ш…