Дома Фудбал Големи проблеми за Португалија: Роналдо го пропушта Светското првенство!?

Големи проблеми за Португалија: Роналдо го пропушта Светското првенство!?

Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо би можел, според пишувањето на британските медиуми, да го пропушти Светското првенство 2026 година поради повреда здобиена за време на викендот.

Напаѓачот на Ал Наср се повреди во натпреварот од Саудиската Про лига против Ал Фајха, што неговиот тим го доби со резултат 3:1. Роналдо излезе од теренот во 81-ва минута, видно со непријатност, откако сигнализираше на клупата дека има проблем со мускулот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред да излезе од игра, португалскиот ветеран при резултат 0:0 промаши пенал.

Тренерот на Ал Наср, Жорж Жесус, потврди по натпреварот дека Роналдо итно ќе подлежи на медицински прегледи.

„Роналдо почувствува замор на мускулите, а лекарскиот тим веднаш ќе ги спроведе потребните тестови за да се утврди неговата состојба”, изјави Жезус.

Според информации на весникот „Сан“, се зголемува стравот дека посериозната повреда би можела да го загрози неговото учество на Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена казната за фудбалерите на Тудор ако испаднат од Премиер лигата

Два натпревара, два пораза и шеснаесеттото место во Премиер лигата. Кратко кажано, тоа е с…