Дома Фудбал Го сака половина Европа, а тој во денешното дерби направи голема глупост – хрватски фудбалер заврши во солзи!

Го сака половина Европа, а тој во денешното дерби направи голема глупост – хрватски фудбалер заврши во солзи!

Се играше бурното дерби натпревар во Германија помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен кога се случи невиден инцидент во 19-тата минута.

Баерн ја отвори средбата посилно, носејќи опасност преку Кејн во 11-тата минута, но неговиот удар беше изблокиран во последната секунда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Само пет минути подоцна, Олисе се обиде да постигне погодок, но Кобел одлично реагираше и го одбрани ударот.

Во 19-тата минута дојде до невиден инцидент. Имено, Шлотербек направи невнимателен старт врз Станишиќ, што можете да го видите подолу.

Од клупата на Баерн Минхен бараа директен црвен картон за Шлотербек, но главниот судија му даде само жолт картон.

По овој ужасен старт, хрватскиот репрезентативец заврши во солзи.

Сепак, Станишиќ се совлада и продолжи да игра. Овој инцидент можеше да заврши многу полошо за хрватскиот играч, но за среќа сѐ заврши добро.

Шлотербек по оваа ситуација постигна и гол за водство на Борусија Дортмунд.

Инаку, Шлотербек е многу барана фигура на европскиот пазар. Како што се зборува, интерес за неговите услуги имаат Барселона и Реал Мадрид…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Екитике: Нема да се врати на терените пред 2027 година!

Навистина лоша вест за Ливерпул, откако се дозна дека францускиот претставник Хуго Екитиќе…