
Oткако две децении во кои доминира на светската фудбалска сцена како играч, Кристијано Роналдо започнува ново поглавје во својата кариера. Португалската ѕвезда стана косопственик на шпанскиот второлигаш Алмерија, откако купи 25 проценти од акциите на клубот преку неговата новооснована компанија CR7 Sports Investments, известува Daily Mail.
Иако со 41 година сѐ уште активно игра и постигнува голови за Ал-Наср, со овој потег Роналдо се обидува и во сопственичките води. “Долго време имам амбиција да придонесувам во фудбалот и надвор од теренот”, изјави капитенот на португалската репрезентација. “Алмерија е шпански клуб со цврсти основи и јасен потенцијал за раст. Со нетрпение ја очекувам соработката со управата за да го поддржиме клубот во следната фаза од неговиот развој.”
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Иако финансиските детали не се објавени, со оваа инвестиција Роналдо се враќа во шпанскиот фудбал каде што мина девет трофејни сезони со Реал Мадрид, пред да се пресели во Јувентус во 2018 година.
Во моментов, Алмерија е на третото место во втората шпанска лига, со само два бода заостанување зад водечкиот клуб, со 15 натпревари до крајот на сезоната. Интересно е дека Роналдо е постар од самиот клуб, кој е основан во 1989 година. Вклучувањето на Роналдо во сопственичката структура доаѓа година по преземањето на клубот од страна на саудиската инвестициска група.