Дома Фудбал Фудбалер на Слога Добој му ја скршил ногата на Матеј Цветаноски!

Фудбалер на Слога Добој му ја скршил ногата на Матеј Цветаноски!

Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски на натпреварот меѓу Железничар и Слога Добој во четвртфиналето од Куп на Босна и Херцеговина. Македонскиот фудбалер го напушти теренот со тешка повреда, а првичните информации од босанските медиуми говорат за скршеница на ногата и подолга пауза надвор од терените.

Инцидентот се случил по остар старт на Никола Мандиќ од редовите на Слога. Иако ситуацијата изгледала крајно ризична, главниот судија не покажа ниту жолт картон, а изостанала и реакција од ВАР-собата. Според локалните извештаи, од повторените снимки можело јасно да се забележи дека станува збор за тежок и опасен старт со сериозни последици.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Цветаноски остана да лежи на тревникот во болки, по што медицинските служби експресно реагираа. Тој беше изнесен од игра и со возило на Итната медицинска помош веднаш транспортиран во болница, каде го очекуваат дополнителни прегледи и официјална дијагноза.

Останува да се види колку ќе трае неговото закрепнување, но според првичните најави, паузата нема да биде кратка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Георгина ќе го доведе Роналдо до дното, ќе му земе сѐ и ќе го уништи“

Контроверзниот борец и инфлуенсер Ендру Тејт смета дека Георгина Родригез ќе го напушти Кр…