
Вечерва се играат реванш натпреварите во баражот за 1/8 финалето од ЛШ, а се игра и вонредно коло во некои послаби лиги. Ова е нашиот предлог за денес.
Леверкузен – Олимпијакос – 3+ @ 1.65 во 1xBit
Фармацевтите донесоа два гола предност од Грција и многу би помислиле дека овде е решено, меѓутоа Германците на тој натпревар не беа убедливи во играта. Олимпијакос во најмала рака беше рамноправен ривал, а во првото полувреме беа дури и подобри. Во саботата Леверкузен запиша пораз од Унион Берлин и направи голем чекор наназад, барем кога е во прашање пласманот во ЛШ за следната сезона. Од друга страна Олимпијакос победи во домашното првенство со 2-0против Панетоликос. Овде ние очекуваме ефикасен дуел и типуваме 3+ со квота 1.65 во 1xBit.
Интер – Бодо/Глимт – 1&3-5 гола @ 1.87 во BetLabel
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Веруваме дека многу тикети „паднаа“ поради исходот на овој натпревар пред шест дена. Имено, Интер на гостувањето запиша пораз од 3-1, па сега ќе мора да ја надомести таа разлика. Во италијанската Серија А, тимот од Милано има солидна предност на првото место и големи амбиции за освојување на Скудето. Бодо од друга страна со самиот пласман во баражот за 1/8 финале можат да бидат задоволни. Ние овде очекуваме Интер да се „одмазди“ и типуваме 1&3-5 гола со квота 1.87 во BetLabel.
Данди – Абердин – 1 @ 2.25 во 22Bet
Во заостанат натпревар од шкотскиот Премиер шип се сретнуваат екипите на Данди и Абердин. Домаќините победија само 6 пати во 26 изиграни натпревари, но се рекордери со 11 нерешени резултати досега. Абердин изгуби на шест последователни првенствени гостувања и да бидеме искрени не им оди надвор од домашниот терен. Овде сметаме дека Данди ќе го искористи тоа и дека ќе запишат победа. Ние се одлучивме да типуваме 1 со квота 2.25 во 22Bet.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 6.94
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk