Дома Фудбал Реприза во Струмица: Брера и Работнички во два натпревари постигнаа 14 гола!

Реприза во Струмица: Брера и Работнички во два натпревари постигнаа 14 гола!

Фудбалерите на Работнички конечно се израдуваа на триумф, откако во 19. коло од Првата македонска фудбалска лига славеа на гостувањето кај Брера Струмица со убедливи 4-3. За „романтичарите“ ова беше само втора победа сезонава, но и прва на гостински терен.

Натпреварот започна со рано водство на скопскиот тим. Езеб уште во петтата минута ја искористи првата посериозна можност и донесе предност од 1-0. Домаќините возвратија во 18. минута преку Миле Тодоров, кој погоди за израмнување. Сепак, пред истекот на првото полувреме повторно на сцена стапи Езеб и со својот втор погодок обезбеди ново водство за гостите.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Со 2-1 Работнички замина на одмор, а веднаш по почетокот на вториот дел практично го реши прашањето на победникот. Во 51. и 52. минута следуваа два брзи гола за убедливи 4-1 и мирна завршница. До крајот Брера до крајот само го ублажи поразот.

Интересно е што овој резултат е идентичен како на претходниот помеѓу овие две екипи со тоа што тогаш Брера на гости во Скопје победи со 4-3.

Оваа победа е прва за Работнички по серијата од седум последователни порази во шампионатот, а воедно и прв гостински триумф сезонава. На табелата скопскиот состав останува претпоследен со 10 бодови, девет помалку од ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Пелистер, додека Брера е шеста со 23 освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола даде нова проценка за трката за титулата по неуспехот на Арсенал

Пеп Гвардиола изјави дека има уште многу време до крајот на трката за титулата во Премиер …