
Англискиот тренер Стив Мекларен откри дека Кристијано Роналдо, со одбивањето да ги следи пресинг инструкциите на Ерик тен Хаг, го забрза своето експлозивно заминување од Манчестер Јунајтед кон крајот на 2022 година.
Мекларен раскажа дека незадоволството на Роналдо во Јунајтед кулминирало откако Португалецот не прифаќал едноставни тактички барања на Тен Хаг поврзани со пресингот. Роналдо во ноември 2022 го напушти Олд Трафорд со спогодбено раскинување на договорот, само неколку дена по интервјуто со Пирс Морган во кое остро ја критикуваше клубот, сопствениците, поранешен тренер и соиграчи.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Немам почит кон него, затоа што тој не покажува почит кон мене. Ако немаш почит кон мене, јас никогаш нема да имам почит кон тебе“, кажа тогаш Роналдо, зборувајќи за Тен Хаг.
Во 2024 година дополнително го повтори својот негативен став кон холандскиот тренер, сметајќи дека е премногу негативен за клуб со големината на Јунајтед.
„Како тренер на Манчестер Јунајтед не можеш да кажеш дека нема да се бориш да ја освоиш лигата или Лигата на шампионите. Мораш, ментално, да кажеш, слушај, можеби немаме тој потенцијал, но тоа не можам да го кажам. Ќе се обидеме. Мораш да се обидеш“, рече Роналдо објаснувајќи дека амбициите на клубот мораат секогаш да бидат на највисоко ниво.
Мекларен, кој беше помошник на Тен Хаг за време на неговиот мандат на Олд Трафорд, во подкастот „The Good, The Bad and The Football“ ги опиша секојдневните обиди да го убеди Роналдо да ги прифати барањата на тренерот за да го задржи местото во тимот.
„На тој тренинг-терен имаше многу борби. Имаше многу ‘сè што сакам е да го направиш ова, ова, ова и ова’. Тоа беше тренирањето на Ерик – Рони, тоа е твојата работа“, се присети.
Тој внимателно објасни на играчот што се бара од него.
„Му кажував на Роналдо: ‘Сè што тој сака од тебе е да бидеш прв во пресингот, да направиш еден спринт, да направиш два спринта и можеби трет, ако почувствуваш дека можеш. Потоа врати се во средина во случај да го освоиме топката, за да можеме да играме на тебе. Тоа е сè што сака да правиш.’“, раскажа.
Мекларен потоа додаде и јасна порака која ја пренесуваше на напаѓачот.
„Ако не можеш да го правиш тоа, нема да играш. Или ако несакаш да го правиш, не можеш да играш. Во ред, или тој нема да те избере. Ти велам, нема да те избере“, додаде.