Дома Фудбал Останато Шпански новинар збесна во живо: Флик трбеа да ги изнесе фудбалерите, време е Барселона да ја напушти Ла Лига! (Видео)

Шпански новинар збесна во живо: Флик трбеа да ги изнесе фудбалерите, време е Барселона да ја напушти Ла Лига! (Видео)

Шпанскиот новинар и навивач на Барселона, Хота Џорди, реагираше жестоко во емисијата Ел Чирингито по вториот гол на Жирона вонатпреваротво кој Барселона беше поразена со 2:1 на гостувањето во 24. коло од Ла Лига. Според неговото мислење, голот следувал по прекршок кој главниот судија и ВАР не го санкционирале, поради што изјави дека Барселона треба да го напушти шпанскиот шампионат, пишува Марка.

“Ова е неподносливо, сè е наместено за Реал да победи. Флик, извлечи ги сите надвор! Излегувајте од теренот! Ова е срамота”, викаше Џорди во програмата во живо, што можете да го видите подолу.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неколку минути подоцна, со поумерен тон, Џорди го повтори својот став до водителот Џозеп Педрерол. “Оваа година е завршена. Да сум јас претседател на Барселона, повеќе нема да се натпреваруваме во оваа лига”, изјави Хота, додавајќи: “Tреба да дојде денот кога сите членови, сите навивачи на Барса, ќе речат ‘доста е’. И да побараме навистина да ја напуштиме оваа лига. Завршено е. Зборам за целата сезона.”

Тој нагласи дека ваквите ситуации не се новост за Барселона. “Ние од Барса сме навикнати на ова што ни се случува, така е веќе 120 години. Нема да дозволат Реал Мадрид две години по ред да не ја освои титулата. Ова што се случува овие сезони е безобразно. Тоа се повторува од коло во коло”, мисли Џорди.

“Веќе ја изгубивме титулата, нема да ни дозволат да ја освоиме. Овој прекршок не сакале да го судат. Ако не го судат прекршокот, тоа е затоа што не сакаат. Да ме прашаште мене, ќе издадам соопштение во кое ќе стои: ‘Ф.К. Барселона ја напушта оваа лига'”, заклучи Хота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Закажан спектакл: Тајсон против Мејведер!

Најавен е спектакуларен боксерски егзибиционен меч помеѓу Мајк Тајсон и Флојд Мејведер. Во…