Дома Фудбал Вечерва четири натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите: Во фокусот дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид

Вечерва четири натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите: Во фокусот дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид

Четири натпревари од УЕФА Лигата на шампионите се на распоред вечерва, распоредени во два различни термини.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот дуел ќе го одиграат Галатасарај и Јувентус во Истанбул, со почеток од 18:45 часот.

Вечерниот термин е резервиран за три натпревари кои ќе започнат во 21:00 часот.

Во Лисабон, Бенфика ќе ја пречека екипата на Реал Мадрид. Ова ќе биде реванш на незаборавниот натпревар од групната фаза, кога португалскиот гигант го совлада Реал Мадрид со 3:1. На тој натпревар, голманот Трубин постигна гол длабоко во судиското надополнување, обезбедувајќи ѝ на екипата на Жозе Мурињо место во плеј-офот.

Европскиот шампион ПСЖ ќе игра против Монако на гостински терен во Франција, додека Борусија Дортмунд ќе ја пречека Аталанта.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на 25 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна договор: Познат тренер му кажал „да“ на Милан

Португалскиот стратег Рубен Аморим е сè поблиску до преземање на тренерската функција во М…