Дома Фудбал Премиерлигаш во два часот по полноќ го отпушти тренерот – ќе има четврти стратег сезонава!

Премиерлигаш во два часот по полноќ го отпушти тренерот – ќе има четврти стратег сезонава!

Падна уште еден отказ во англиската Премиер лигата откако по ремито со Вулверхемптон, Нотингем форест го отпушти Шон Дајч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој издржа на клупата само 114 дена, односно водеше тимот на 25 натпревари со ефект од десет победи, пет нерешени и десет порази. Интересно е тоа што клубот ја објави веста за прекинот на соработката во 2 часот наутро:

“Фудбалскиот клуб Нотингем може да потврди дека Шон Дајч е отпуштен од должноста главен тренер. Благодариме на Шон и неговиот персонал за нивната работа во клубот и им посакуваме многу среќа во иднина. Во овој момент нема да даваме дополнителни коментари”, изјавија тие.

Ова е третиот тренер на Нотингем кој беше отпуштен оваа сезона, по Нуну Еспирито Санто кој го водеше тимот речиси две години и Анге Постекоглу кој траеше само 39 дена, односно осум натпревари.

Во моментот Нотингем се наоѓа на 17. место во Премиер лигата со 27 поени, што е три повеќе од Вест Хем кој се наоѓа во зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ги изненади фановите со изборот на судии за полуфиналето на Светското првенство

ФИФА ги именуваше судиите за полуфиналните натпревари на Светското првенство. Големата пре…