Дома Фудбал Роналдо денеска разбра дека е само обичен фудбалер во С. Арабија

Роналдо денеска разбра дека е само обичен фудбалер во С. Арабија

Кристијано Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Поради внатрешни несогласувања околу политиката на трансфери, веќе го пропушти својот втор натпревар со тимот, а сега доби јасна порака дека треба да ја почитува лигата и државата или да си оди.

Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот. Легендарниот Португалец во Саудиска Арабија има плата од 200 милиони евра годишно, но ни по три години нема трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Незадоволен е од трансфер политиката на клубот, веќе пропушти две натпревари и не се знае кога повторно ќе се појави на теренот.

Иако навивачите му даваат поддршка, Роналдо доби јасна порака од Саудијците. Или играј или напушти ја државата која ти дала огромни пари.

Познатиот новинар Валид Ал-Фарај му порача јавно:

„Роналдо би требало да знае каде му е местото. Ова е Саудиска Арабија, а не Роналдо Арабија”, порача Ал-Фарај и додава:

„Тој овде е само вработен. Заработува огромни пари, повеќе отколку што некогаш во Европа. Треба да ја почитува оваа лига или да си оди,” е јасната порака на овој новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Сака ноќни забави, постојано доцни, непрекинато е на телефон“: Рафиња прозборе за навиките на Јамал

Фудбалерот на Барселона, Рафињa, гостуваше во емисијата „A guest and a half“ на Јутјуб кан…