
Килијан Мбапе се вбројува меѓу најуспешните фудбалери според заработката на светско ниво. Во Реал Мадрид, неговата сезонска бруто плата достигнува околу 31 милион евра, од што дел се користи и од неговата мајка.
Фајза Ламари (51), која е добро позната како агентка на Килијан, годишно инкасира огромни 4,5 милиони евра нето, што е повисока сума од онаа што ја заработуваат многу играчи на Реал, како Раул Асенсио, Франко Мастантуона, Гонзало Гарсија, Андриј Лунин, Фран Гартеа, Арда Гулер или Браим Диаз.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според португалскиот весник A Bola, Ламари има фиксна спогодба со својот син и управува со неговиот личен, бизнис и финансиски живот. Таа играше клучна улога во легалните спорови со Париз Сен-Жермен заради неисплатени плати.
Патот до статусот “милионска мајка” не беше лесен. Во интервју, Ламари откри дека во една прилика барала половина од приходите на својот син. Мбапе решително ѝ одговорил:
“Нема да ти дадам половина! Што ти е? Јас ги постигнувам головите, како очекуваш 50 проценти?”, изјавил Мбапе.
На крајот, постигнаа компромис. Ламари се согласи да прифати 30 проценти, со предупредување дека ќе престане да работи за него ако износот падне под таа граница. Мбапе на крај го прифати овој договор.