Дома Фудбал Роналдо преку своите весници најави заминување од Ал Наср!?

Роналдо преку своите весници најави заминување од Ал Наср!?

Фудбалскиот свет во понеделникот беше потресен од веста за незадоволството на Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Неофицијално, Португалецот е разочаран односот на сопствениците на клубот, ПИФ-фондот (Фонд за јавни инвестиции на Саудиска Арабија), односно слабото ангажирање за засилување на тимот, додека најголемиот конкурент за титулата на Ал Наср, Ал Хилал, кој исто така е во сопственост на PIF, го доведе Карим Бензема.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа, Роналдо се подготвува да ја напушти Саудиска Арабија, а како голема ексклузивна вест ја сподели и португалскиот весник „Рекорд“.

Објавата на веста ја потврдува фактот дека сопственик на Рекорд е никој друг освен – Кристијано Роналдо.

Дека намерите на Роналдо се сериозни најдобро потврдува неговото бојкотирање на натпреварот против Ал Ријад во гости, која неговата екипа ја доби со 1:0.

Така, Ал Наср продолжи да го следи лидерот Ал Хилал на кој му заостанува еден бод по 19 од 34 кола.

Роналдо од доаѓањето во Саудиска Арабија освоил само еден трофеј, Арапскиот куп на шампионите, но нема освоено ниту една титула од официјалните натпреварувања.

„Рекорд“ објави дека Роналдо во договорот има клаузула која му овозможува да го напушти Ал Наср во јуни 2026 година и дека таа опција е многу веројатна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за ѕвездата на Барселона: Со оптимизам го чека април, но веќе сите знаат што е одлучено во клубот

Април ќе биде клучен кога станува збор за одлуката на Роберт Левандовски околу тоа каде ќе…