Дома Фудбал Ибрахимовиќ откри која репрезентација би ја избрал Хрватска или Босна (Видео)

Ибрахимовиќ откри која репрезентација би ја избрал Хрватска или Босна (Видео)

Во третиот дел од разговорот со во емисијата ‘(Не)успех на шампионите: Специјал со Славен Билиќ‘, легендарниот шведски фудбалер зборуваше за фудбалските репрезентации на Хрватска и Босна и Херцеговина.

Ибрахимовиќ имаше неколку опции на својата маса. Татко му е од БиХ, додека мајка му Јурка е од Задар. Освен шведското, тој имаше и државјанство на Босна и Херцеговина. Сепак, тој откри дека никогаш не биле поведени сериозни разговори за настап за друга репрезентација освен за Шведска.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Никој конкретно не ми пристапи. Имаше муабети, но ништо конкретно”, изјави Ибрахимовиќ. На прашањето на Билиќ дали би играл за Босна и Херцеговина или Хрватска доколку имал прилика, Ибрахимовиќ јасно посочи дека одлуката би била заснована на основа на потенцијално добри резултати. Со него во напаѓачката линија, тврди Златан, Светскиот и Европскиот повеќе не би биле само сон.

@neuspjeh.prvaka Златан Ибрахимовиќ за големото „Што би било ако..” 🇭🇷🇧🇦⚽ Ни Хрватска ни Босна не презедоа чекор. Екипата постоеше. Менталитетот исто така. Недостасуваше само – класичен напаѓач. Со него во нападот, тврди Златан, Светскиот и Европскиот повеќе не би биле само сон. 👀🔥 #neuspjehprvaka #zlatanibrahimovic #reprezentacija #novo @TV Arena Sport @Arena Sport БиХ ♬ original sound – neuspjehprvaka

“Со сигурност ќе освоевме Европско или Светско првенство. Ако изборот би бил меѓу Босна и Хрватска, поголеми шанси би биле за Хрватска, со оглед на каква екипа имаа. На Хрватска им недостасуваше напаѓач, но сè друго го имаа”, искрено коментираше Ибрахимовиќ споменувајќи ја репрезентацијата во која играа Бокшиќ и Шукер.

Златан Ибрахимовиќ во текот на својата меѓународна кариера играше за репрезентацијата на Шведска од 2001 до 2016 година и е најефикасниот стрелец во историјата на шведската фудбалска репрезентација со вкупно 62 гола во 116 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино призна: Не требаше да ја исфрлиме Русија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исф…