Дома Останати Кошарка Се подготвува голема размена во НБА: Харден заминува од Клиперс?

Се подготвува голема размена во НБА: Харден заминува од Клиперс?

Најпознатиот НБА инсајдер, Шамс Чарани, најави дека во завршницата на периодот за размени во најсилната кошаркарска лига би можело да дојде до значајна размена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, извонредниот Џејмс Харден се очекува да ја напушти екипата на Лос Анџелес Клиперси, која активно работи на постигнување договор за неговата размена.


И Клиперси и Харден сакаат размена, а моментално се водат преговори со неколку екипи, при што најсериозен кандидат за ангажирање на Харден во моментов се Кливленд Кавалирсите.

Харден има 36 години, и пред да пристигне во Клиперси беше дел од Оклахома Сити Тандер, Хјустон Рокетс, Бруклин Нетс и Филаделфија 76ерс.

Во 2018 година, како играч на Хјустон, Харден беше прогласен за МВП на НБА лигата, а дури 11 пати учествуваше на НБА Ол-Стар натпревари. Оваа сезона, Харден во просек постигнува 25,4 поени и 8,1 асистенција по натпревар во дресот на Клиперс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…