Дома Останати Кошарка Дали ова е негова последна сезона? Погледнете како Леброн се расплака против Кливленд (Видео)

Дали ова е негова последна сезона? Погледнете како Леброн се расплака против Кливленд (Видео)

Во натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс, кој заврши со резултат 129:99 во корист на домаќините, Леброн Џејмс доживеа емоционален миг додека се прикажуваше видео со неговите најдобри моменти, што наведе многумина да се запрашаат дали ова е неговата последна сезона во НБА.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ова гостување на Лејкерс во Кливленд беше последното за Леброн оваа сезона, освен ако двата тима повторно не се сретнат во финалето на НБА плејофот. Џејмс призна дека не може да биде сигурен дали повторно ќе игра во овој град.

Навивачите и организацијата на Кавалирс ја искористија приликата да му покажат колку значи за нив, а Леброн реагираше емоционално како никогаш досега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…