
Синоќа заврши лигашката фаза на Лига на шампиони, со што станаа познати сите екипи што ќе продолжат во нокаут-фазата на ова натпреварување.
Вкупно 24 екипи го обезбедија својот пат натаму, од кои осум ќе се пласираат директно во осминафиналето, додека екипите што завршија од 9-то до 24-то место ќе играат во плеј-офот за шанса да влезат во осминафинале.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити веќе се квалификуваа за осминафинале, додека во плеј-офот се пласираа Реал, ПСЖ, Њукасл, Интер, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Бајер Леверкузен, Борусија, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Бодо Глимт и Бенфика.
Веќе е познат планот за ждребот што ќе се одржи во петок.

Во плеј-оф натпреварите ќе се сретнат Борусија или Олимпијакос со Аталанта или Баер. Победниците од овие парови ќе играат против Арсенал и Баерн;
Во друг пар, Бодо Глимт или Бенфика ќе се соочат со Реал или Интер, а победниците од овие мечеви ќе се судрат со Спортинг и Манчестер Сити;
Во следниот пар, Монако или Карабаг ќе играат против ПСЖ или Њукасл, а победниците ќе се сретнат со Барселона и Челзи;
И за крај, Клуб Бриж или Галатасарај ќе се натпреваруваат против Јувентус или Атлетико, а најдобрите ќе играат против Ливерпул и Тотенхем.
Првите натпревари од плеј-офот ќе се одиграат на 17 и 18 февруари, додека реваншите се закажани за седум дена подоцна.
Екипите што се наоѓаат меѓу првите осум се мирни до март, кога ќе започнат натпреварите од осминафиналето.