Дома Фудбал Ждрепката на Лигата на шампионите ќе изгледа вака: Многумина не ги научија новите правила, а сè е веќе „цртано“ (Фото)

Ждрепката на Лигата на шампионите ќе изгледа вака: Многумина не ги научија новите правила, а сè е веќе „цртано“ (Фото)

Групната фаза на Лигата на шампионите донесе невидена драма и до последната секунда не знаевме кој ќе продолжи понатаму. На крај, Бенфика на најлуд можен начин, со голот на својот голман Андреј Трубин во 98. минута против Реал Мадрид за 4:2, сепак успеа да ја подобри својата гол-разлика и да заврши над цртата, додека истовремено “кралскиот клуб” испадна од најдобрите осум.

Тоа значи дека Реал Мадрид, како и „останалите смртници”, ќе мора да одигра една рунда повеќе во Лигата на шампионите и ќе се најде на ждрепка за шеснаесетфиналето, или како што тоа УЕФА го нарекува – бараж за осминафиналето.

Во петок во Нион од 12 часот ќе се одржи ждребката за баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите на која ќе можеме да ги видиме имињата на тимовите кои групната фаза ја завршија од деветтото до 24. место.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…