Дома Моторспорт Ферари го покажа новиот болид: Изгледа моќно! (Видео)

Ферари го покажа новиот болид: Изгледа моќно! (Видео)

Една од најпознатите и најпопуларни екипи во Формула 1, Ферари, денес во Маранело го претстави нивниот нов болид за сезоната 2026.

Името на болидот е SF-26, а во Ферари имаат надеж дека токму тој ќе им овозможи враќање на престолот на слава.

Како што е познато, Шарл Леклер и Луис Хамилтон минатата сезона завршија на петтото и шестото место во поредокот на возачи, додека екипата се пласираше на четвртото место во поредокот на конструктори.

Иако бојата на болидот останува во препознатливата црвена нијанса, очекувањата се огромни – Ферари, со 31 освоена титула, е најуспешната екипа во историјата на Формула 1, што секогаш носи додатен притисок.

“Една од најзначајните промени е враќањето на блескавата завршна обработка на бојата. Боја Rosso Scuderie за 2026 година е посветла и поинтензивна, со смел и впечатлив изглед инспириран од специјалната ливреја видена во Монца 2025 година,” истакнуваат од Скудерија Ферари.

Новиот болид се одликува со чисти, класични линии и ретро естетика што ќе ги воодушеви обожавателите на F1.

Со новиот болид, потврдениот возачки пар и искусниот менаџмент, Ферари сега има шанса повторно да владее на патеките на Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Пјер Гасли приреди сензација во Монца!

Возачот на Алпине, Пјер Гасли, успеа сензационално да триумфира во квалификациите за Голем…