
Јувентус на својот терен ја совлада Бенфика со 2:0 во седмата рунда од Лигата на шампионите. Стрелци беа Кефрен Турам во 55. минута и Вестон Меккени во 64. минута. Меѓутоа, централна фигура на вниманието беше тренерот на домаќините, Лучијано Спалети, кој се најде во вербална расправија со еден навивач зад клупата на Јувентус што постојано негодуваше.
“Следниот пат остани дома”, му довикна Спалети по погодокот на Турам. Не можеше повеќе да ги издржи континуираните критики кон неговите играчи, а погодокот на Јувентус му беше совршен изговор за да одговори. На прес-конференцијата по натпреварот, Спалети ја објасни ситуацијата што го привлече вниманието на јавноста: “Од почетокот на натпреварот навиваачот реагираше за секоја грешка на нашите играчи дека треба да ги заменам. Првин му реков дека имам само пет замени, а после голот знаете што случи.”
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во 70. минута, Спалети направи уште нешто необично. Додека се подготвуваше да го внесе на игра Лоис Опенда, му објаснуваше што се очекува од него на теренот. Опенда се смееше поради ситуацијата, па Спалети го удри за да ја задржи неговата сериозност и концентрација. Но, Опенда продолжи да се смее и по тоа.
Луцијано Спалети го удри Лоис Опенда пред да излезе на теренот за време на натпреварот Јувентус против Бенфика
одu/mariyan1111 воsoccer