Дома Фудбал Шок за Сенегал: Службено може да го загубат финалето со Мароко!

Шок за Сенегал: Службено може да го загубат финалето со Мароко!

Сенегал во недела го освои Африканскиот куп на нации (со победа против домакинот Мароко (1:0). Сепак, триумфот беше засенет од контроверзен потег на сенегалската репрезентација која привремено го напушти теренот. Ова може да ги доведе во ситуација да се соочат со казна од Африканската фудбалска конфедерација (CAF), пишува Sportbible.

Сенегалците во Рабат го обезбедија својата втора титула шампион на Африка во последните три изданија на турнирот, и тоа после драматична победа во продолженијата. Регуларниот дел од натпреварот беше обележан со хаос во завршните моменти. Во 98. минута, по интервенција на ВАР, судијата Жан Жак Ндала досуди пенал за Мароко, проценувајќи дека Ел Хаџи Малиќ Диуф направил прекршок врз Брахим Дијаз во шеснаесетникот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во знак на протест, селекторот на Сенегал, Папе Тиау, ги повлече своите играчи од теренот. Мароканската екипа чекаше околу 20 минути додека Сенегалците се вратија за да се изведе пенало. Брахим Дијаз од Реал Мадрид ја презема одговорноста, н неговиот обид за паненка лесно го одбрани голманот Едуард Менди, по што судијата означи крај на регуларниот дел.

Победникот беше одлучен со гол од Папе Геје во четвртата минута од продолженијата, што донесе историска победа за Сенегал.

По натпреварот, селекторот на Мароко Валид Реграгуи ги нарече постапките на Сенегал “срамни”, додека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сцените ги опиша како “неприфатливи”. “Сликата што ја прикажавме за африканскиот фудбал беше прилично срамна,” изјави Реграгуи. “Да се прекине натпреварот на повеќе од 10 минути додека целиот свет гледа, не е баш угледно.”

Иако ставот на CAF сè уште не е познат, правилникот е јасен. Според него: “Ако поради која било причина, тим се повлече од натпреварот или не се појави, освен во случаи на ввиша сила прифатена од Организацискиот комитет, одбие да игра или го напушти теренот пред крајот на редовното време без одобрение од судијата, ќе се смета за губитник и ќе биде трајно елиминиран од сегашното натпреварување.”

Правилата на Африканскиот Куп на Нации исто така наведуваат дека тим кој го напушти теренот, ќе го изгуби натпреварот со резултат 3:0, а организацискиот одбор може да преземе дополнителни мерки ако тоа го смета за соодветно. За ваков случај нема преседан, бидејќи никој репрезентација досега не го напуштила теренот за време на натпревар како знак на протест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eдна од најголемитее желби на Манчестер јунајтед за нов тренер е Хрват!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, во Лигата на шампионите се соочува со Тотенхем …