
Во пресрет на Светското фудбалско првенство во јуни, Соединетите Американски Држави планираат да инвестираат 115 милиони долари во систем за одбрана од дронови, пренесува Reuters.
Министерството за домашна безбедност објави дека целта е да се унапреди степенот на заштита од воздушни закани.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Навлегуваме во период кога мораме да ја браниме нашата воздушна супериорност во границите на Соединетите Држави”, изјави секретарот на министерството Кристи Ноем.
Очекувањата се дека Светското првенство ќе биде голем испит за претседателот Доналд Трамп, бидејќи настанот треба да привлече повеќе од милион посетители, додека милијарди гледачи ќе го следат фудбалот од своите домови.
Reuters истакнува дека Американците развиваат технологија за борба против дронови, кои во војната во Украина станаа едно од главните средства во борбата.
Токму поради употребата на дронови во Украина, се зголеми стравот во Америка дека нешто слично би можело да се случи и на претстојното фудбалско првенство.