Дома Фудбал Поглед кој кажува се: Погледнете како Перез го поздрави Алонсо по поразот од Барселона

Поглед кој кажува се: Погледнете како Перез го поздрави Алонсо по поразот од Барселона

Вчера дојде до смена на тренерската позиција во Реал Мадрид, откако Чаби Алонсо беше отпуштен поради поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп против големиот ривал Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интересен е моментот кога првиот човек на Реал, Флорентино Перез, го поздрави досегашниот тренер по неуспехот против каталонскиот клуб.

Алонсо му пријде на Перез кој беше сосема рамнодушен за време на поздравот, а многумина сметаат дека претседателот веќе бил свесен дека тоа е крај за Алонсо на клупата на Реал.

Алонсо ја презеде тренерската позиција во Реал пред почетокот на оваа сезона, доаѓајќи од Баер Леверкузен, и за време на неговото водство оствари 20 победи, три нерешени и пет порази во 28 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…