Дома Фудбал Шчезни пушеше цигари во соблекувална, реакцијата на Јамал е вистински хит (Видео)

Шчезни пушеше цигари во соблекувална, реакцијата на Јамал е вистински хит (Видео)

Големо славје во соблекувалната на Барселона по победата над Реал (3:2) со што го освоија шпанскиот Суперкуп предизвика и многу вирални сцени. Славјето го снимаше Ламин Јамал за Instagram во живо. На тој начин ни даде интересен поглед зад сцената на Барса, а навивачите беа воодушевени од ситуацијата кога го улови Војчех Шчезни како пуши.

Ламин (18) веднаш ја сврти камерата од голманот со коментар „Ова не смее да се снима!” и почна гласно да се смее. Полскиот голман (35), кој може да биде татко на младата ѕвезда, во својот кулерски стил продолжи да пуши без да се смеќи. Шчезни инаку е познат по тоа што пуши, не само при прославите, туку понекогаш и на полувремињата на натпреварите.

Без оглед на тоа, видеото на Јамал стана вирално токму поради сцената кога го фати Шчезни како пуши и особено поради реакцијата на младиот ас на тоа.

Szczesny accidentally appeared smoking on Lamine Yamal’s instagram live & he immediately flipped the camera saying “this can’t be recorded”
byu/Amu_1310 insoccer
.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Мурињо беше побарано да ги спореди Роналдо и Мбапе: А, потоа…

Реал Мадрид во 2. коло од Примера ја совлада Реал Сосиедад со 4:1. Килијан Мбапе блесна со…