
Реал Мадрид триумфираше над Атлетико со 2:1 во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп, натпревар што се одигра во Саудиска Арабија. Но, градското дерби остана во сенка на вербалната конфронтација меѓу Винисиус Жуниор и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Иако првично изгледаше дека Бразилецот е „жртва“, се покажува дека тој бил оној кој прв провоцирал.
Според информациите од Атлетико, конфликтот го започнал Винисиус во првото полувреме, кога по еден дуел побарал пенал, а потоа го провоцирал Симеоне и клупата на Атлетико.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Бразилецот, наводно, изјавил: „Смирете се, сега судијата ќе досуди пенал“, што предизвикало бурна реакција кај Чоло.
Симеоне му врати дека треба да продолжи да игра, но и испрати остро предупредување: „Флорентино ќе те продаде, запомни го тоа“, алудирајќи дека претседателот Перез планира да го продаде.
Тензиите продолжија и во второто полувреме при замената на Винисиус во 81-та минута. Симеоне сугерираше дека свирежите од трибините биле упатени кон Бразилецот, по што следуваше нова расправа меѓу клупите, во која се вклучи и тренерот на Реал, Чаби Алонсо, кој го опцу Симеоне.
Шпанскиот весник As објави видео кое, според нивната оцена, ги потврдува тврдењата на Атлетико дека Винисиус го започнал инцидентот со дофрлување до Симеоне покрај авт линијата.
Es curioso cuánto tiempo dedican algunos a analizar una reacción… y qué poco a aclarar la provocación que la origina.
— Atlético de Madrid (@Atleti) January 9, 2026
El 𝑚𝑜𝑑𝑢𝑠 𝑜𝑝𝑒𝑟𝑎𝑛𝑑𝑖, sí que es un clásico.
Атлетико се огласи и на социјалната мрежа X, порачувајќи:
“Интересно е колку време се посветува на анализата на реакциите, а колку малку на провокациите кои ги предизвикале. Класичен начин на делување.”, објавата собра речиси пет милиони прегледи.
Да потсетиме, Реал Мадрид утре ќе се соочи со Барселона во финалето од Суперкупот на Шпанија во 20 часот,.