Дома Останати Ракомет Toмовски: Секој натпревар на ЕП ќе биде посебен, нашата цел е да го дадеме максимумот!

Toмовски: Секој натпревар на ЕП ќе биде посебен, нашата цел е да го дадеме максимумот!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, кој како последен интернационалец се стави на располагање на стручниот штаб и ги стартуваше подготовките за Европското првенство 2026, смета дека пријателските средби и подготвителниот турнир се од исклучително значење во финалната фаза од подготовките.

Томовски, кој брани во втората германска Бундеслига и е меѓу најконстантните во редовите на Битигхајм, истакнува дека целта е јасна – репрезентацијата да го дочека шампионатот максимално подготвена и тактички стабилна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Добро се познаваме, иако има некои новитети. Долги години сум во репрезентацијата, имаме одлична атмосфера. Имав мала поштеда, добро ми дојде, се приклучив во новата година, здрав и со големи амбиции и мотивација. Според мене, многу е подобро времето да го користиме на пријателски натпревари, бидејќи таму може да видиме вистински што правиме добро, а што грешиме. Тоа ќе биде одлична увертира за нас и селекторот да видиме до каде сме. Се надевам на добар подготвителен турнир во Швајцарија, со желба да останеме здрави и тоа искуство да го пренесеме на ЕП. Данска е апсолутен фаворит, Португалија е селекција во подем, тука е и Романија која е зрел и искусен тим, иако е подмладен. Секој натпревар ќе биде од посебен карактер, ама нашата цел е да дадеме максимум и да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Томовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров уште најмалку три години ќе ја води Македонија!

Ракометната федерација на Македонија ја извести јавноста дека продолжува соработката со се…