Дома Фудбал Беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а сега на 26 години може да ја заврши кариерата

Беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а сега на 26 години може да ја заврши кариерата

Според информациите на PUNCH Sports Extra, германските клубови Вердер Бремен и Баер Леверкузен се согласија дека нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс треба да се подложи на операција на коленото, а конечната одлука останува на него. Германските медиуми додаваат дека 25-годишниот Бонифејс размислува и за завршување на кариерата поради претходните сериозни проблеми со колената.

Имено, во 2019 и 2021 година, Бонифејс ги скинал лигаментите на коленото – поради ова пропуштил 34 натпревари во сезоната 2018/2019 (179 дена) и 56 натпревари во сезоната 2020/2021 (358 дена), според податоците на Трансфермаркт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Напаѓачот, кој минатото лето беше позајмен во Бремен до летото 2026 година, оваа сезона се мачи и нема постигнато гол во 11 настапи во Бундеслигата.

Од напаѓачот, кој требаше да биде решение за нападот на Вердер, сега е надвор од терените поради повреда на коленото за која, според пишувањата на Bild, е неопходна хируршка интервенција. Ако се одлучи за операција, ќе го пропушти остатокот од сезоната и може порано од планираното да се врати во Леверкузен.

“Вердер Бремен и матичниот клуб на Бонифејс, Бајер Леверкузен, се согласија дека неговата повреда на коленото бара операција”, објави Bild, повикувајќи се на извештаи од германскиот новинар со нигерско потекло, Оме Акатугбе. Дополнително, ако одлучи да не оди на операција, Бонифејс најверојатно нема да игра повеќе за Вердер.

Во клубот предупредиле дека играње без операција би носело ризик од нова сериозна повреда која би можела да ја загрози кариерата. “Ако напаѓачот одлучи да не оди на операција, Вердер нема да го користи затоа што постои реална можност новата повреда да биде фатална за кариерата”, пренесува Bild.

Бонифејс моментално се наоѓа во Нигерија, а во Германија би требало да се врати во следните денови, кога ќе следуваат разговори со двете страни за неговите понатамошни чекори. Иако се уште не е познато дали веднаш ќе се врати во Леверкузен, германските медиуми наведуваат дека во дресот на Вердер оваа сезона повеќе нема да го видиме.

Во својата кариера играше и за кипарскиот Лефке, нигерискиот Реал Сафир, норвешкиот Бодø/Глимт и белгискиот Унион СГ. За репрезентацијата на Нигерија има 13 настапи и еден гол, а според Трансфермаркт вреди 12 милиони евра. Пред две години, неговата вредност беше 45 милиони евра.

Со Баер во 2024 година сензационално ја освои Бундеслигата и стана најдобар стрелец на клубот со 14 погодоци. Беше еден од најголемите напаѓачки хитови во Европа, но по здравствените проблеми следеше пад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како Донарума збаесна по киксот на Манчестер сити (Видео)

Џанлуиџи Донарума ги загуби нервите по фрустративното реми на Манчестер Сити без голови пр…