Дома Моторспорт Возачите на Ф1 го избраа најдобриот меѓу нив: Светскиот шампион остана без награда, Хамилтон доживеа историски дебакл

Возачите на Ф1 го избраа најдобриот меѓу нив: Светскиот шампион остана без награда, Хамилтон доживеа историски дебакл

Иако оваа година не го крена победничкиот пехар на крајот од првенството, Холанѓанецот убедливо победи во изборот на своите колеги

Холанѓанецот Макс Верстапен беше избран за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои Светскиот шампионат.

Ова беше осмо издание на изборот за Возач на годината во кое гласаа самите возачи, а Верстапен победи петта година по ред. Поените беа распределени врз основа на моменталниот систем на поени во Ф1, каде најдобриот возач на секоја листа освои 25 поени, а возачот на 10-то место освои еден поен.

Пилотот на Ред Бул го победи пред светскиот шампион Ландо Норис во Мекларен, додека трет беше Џорџ Расел од Мерцедес. За прв пат од почетокот на анкетата во 2018 година во ТОП 10 не успеа да влезе Британецот Луис Хамилтон (Ферари).

Во изборот учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ланс Строл и Јуки Цунода не гласаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Скандал во Формула 1: Тимот на Вилијамс излезе со ретро дизајн на возило на 11-ти септември со контроверзна поврзаност со семејството Бин Ладен

Овој викенд во Мадрид се одржува Големата награда на Шпанија, а вчерашните тренинзи на еки…