Дома Фудбал Славниот англиски клуб е пред згаснување – последната надеж им е поранешен покер играч!

Славниот англиски клуб е пред згаснување – последната надеж им е поранешен покер играч!

Поранешниот професионален играч на покер Џејмс Борд е главниот кандидат за преземање на англискиот второлигашки фудбалски клуб Шефилд Венздеј.

Најстариот официјално регистриран клуб во светот, основан во 1867 година, е во процес на стечај од октомври, а управата денеска објави дека е постигнат договор со потенцијален купувач, соопшти BBC.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Борд го започна својот пат работејќи во компании за коцкање пред да заработи 4.3 милиони долари играјќи покер. Сега премина на челна позиција во Short Circuit Science, компанија која користи вештачка интелигенција за спортски анализи, и беше дел од консултантскиот процес при продажбата на Шефилд Јунајтед ова лето.

Борд има и удели во шпанскиот клуб Кордоба и бугарскиот клуб Септември Софија. Неговата понуда мора да ги мине тестовите за сопственици и директори на англиската Премиер лига, што може да се покаже како пречка поради неговата претходна вмешаност во коцкањето.

Поранешниот сопственик на Њукасл, Мајк Ешли, исто така е еден од кандидатите за купување на Шефилд Венздеј.

На клубот двапати му беа одземени бодови откако е банкротиран, што го остави Шефилд Венздеј на дното од табелата на Чемпионшип лигата со минус девет бодови и речиси сигурно испаѓање во третата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Модриќ е причина за “распад на системот” во Реал, хрватската икона го предлага решението: “Тој е тој”

Цели 13 години Лука Модриќ го носеше дресот на Реал Мадрид. Тој е најтрофејниот играч во и…