
Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжува да ниже успеси на клупата на Ал Араби, освојувајќи уште еден значаен трофеј во Катар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неговиот тим повторно се искачи на врвот во Купот на Катар, откако во финалниот меч прикажа доминантна игра и со убедливи 36-26 славеше против Ал Духаил.
Брестовац веќе има сериозен трофеен биланс со катарскиот клуб, откако лани ја заврши сезоната со три освоени пехари.