Дома Фудбал Лудо: Навивач патуваше 1.600 километри и беше единствен гостински фан – фудбалерите му подарија момент за паметење! (Видео)

Лудо: Навивач патуваше 1.600 километри и беше единствен гостински фан – фудбалерите му подарија момент за паметење! (Видео)

Љубовта на навивачите кон фудбалските клубови често ги надминува сите граници, а минатиот викенд во Португалија тоа уште еднаш се потврди.

Екипата на Aроука во неделата навечер гостуваше кај Санта Клара чиј стадион е во Порто Делгада на Азорските острови, поточно на островот Сао Мигел каде што се одигра средбата.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Патот од Ароука до тамошното гостување изнесуваше 1.600 километри по воздушна линија, но тоа не го спречи еден навивач да се најде на трибините.

Навивачот беше единствениот кој успеа да стигне на стадионот и да го поддржи својот тим, а таквиот гест беше ценет од играчите и стручниот штаб по завршувањето на натпреварот.

Сцените што следеа по натпреварот навивачот ќе ги помни цел живот, бидејќи целата екипа му пријде да го поздрави и да ја пофали неговата одлука да патува и да ги бодри од трибините сам.

Инаку, навивачот не имаше многу причини да се радува на натпреварот, бидејќи бледата игра на двата тима заврши без голови, резултат 0:0, и поделба на бодовите.

Неговата Aроука останува во зоната за испаѓање, бидејќи со 13 бодови од 15 натпревари се наоѓа на 16-та позиција на табелата, додека Санта Клара е на 12-то место со 16 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристенсен „надвор“ до крајот на сезоната, Барселона експресно најде најдобра можна замена

Барселона потврди дека Андреас Кристенсен претрпе незгодна повреда на коленото за време на…