Дома Фудбал Страшно: Фудбалски репрезентативец брутално убиен на сред улица, ранета и неговата сопруга!

Страшно: Фудбалски репрезентативец брутално убиен на сред улица, ранета и неговата сопруга!

Од Еквадор пристигна веста која го шокира целиот свет – познатиот фудбалер Марио Пинејда денес го загуби животот во уличен напад во Гвајакил. Напаѓачите се доближиле до репрезентативецот на мотор и испукале повеќе куршуми пред локалната месарница.

Пинејда, кој имаше 33 години и играше на позицијата лев бек во екипата на Барселона од Еквадор, зад себе остави девет настапи за националниот тим. Учествувал на квалификациите за Светските првенства во 2018 и 2022 година и помогнал клубот да ја освои титулата во домашната лига. Покрај тоа, свое искуство има стекнато и во бразилскиот фудбалски тим Флуминенсе.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во овој страшен чин на насилство, исто така, се ранети и сопругата на Пинејда како и уште една жена, чие здравствено состојба засега е непозната. Извршителите од местото на злосторството побегнале, а полицијата интензивно работи на нивна идентификација и откривање на причините за овој ужасен настан.

Се ангажираат специјалални тимови за да ги откријат и причинителите на овој страшен чин и евентуалните регионални нарачатели. За жал, инциденти како овој, каде што спортистите се цел на криминалци, не се невообичаени во Јужна Америка. Нападите честопати влијаат и на нивните семејства, понекогаш следени од киднапирања и барања на откуп. За жал, Пинејда стана уште една бројка во мрачната статистика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гулер погоди од 60 метри – ова е гол кој ќе го обиколи светот (Видео)

Реал Мадрид без поголемиот дел од првиот тим го угости Елче, и сепак стигна до рутинска по…