Дома Моторспорт Колку заработуваат возачите во Формула 1: Хамилтон имаше најголема плата, но не заработи најмногу

Колку заработуваат возачите во Формула 1: Хамилтон имаше најголема плата, но не заработи најмногу

Сезоната на Формула 1 заврши неодамна, а титулата шампион ја понесе Ландо Норис. Меѓутоа, Британецот од Мекларен не се најде на врвот според финансиските резултати за 2025 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кога станува збор за платите на возачите, најдобро платен беше Луис Хамилтон, на кого Ferrari му исплати 70 милиони долари за оваа година.

Сепак, легендарниот Хамилтон не се најде на врвот по вкупна заработка. Иако платата на Макс Верстапен во Ред Бул беше за пет милиони помала од таа на Хамилтон, тој доби значително поголем бонус.

Верстапен, покрај платата од 65 милиони, си обезбеди и бонус од 11 милиони долари, што му донесе вкупна заработка од 76 милиони долари за 2025 година.

Бонусот на Хамилтон по разочарувачките резултати беше мал и изнесуваше само половина милион долари. Така, вкупната заработка на Хамилтон оваа година е 70,5 милиони долари.

Третата највисока плата ја имаше Шарл Леклер во Ферари со 30 милиони, но бидејќи остана без бонуси, не го надминаа само Ландо Норис од Мекларен со вкупна заработка од 57,5 милиони долари (18 милиони плата + 39,5 милиони бонус), и Оскар Пјастри со 37,5 милиони долари (10 милиони плата + 27,5 милиони бонус).

Најдобри 10 возачи на Формула 1 според заработката во 2025 година

Макс Верстапен 76 милиони долари (65 плата + 11 бонуси)

Луис Хамилтон 70,5 (70 + 0,5)

Ландо Норис 57,5 (18 + 39,5)

Оскар Пјастри 36,5 (10 + 27,5)

Шарл Леклер 30 (30 + 0)

Фернандо Алонсо 26,5 (24 + 2,5)

Џорџ Расел 26 (15 + 11)

Ленс Строл 13,5 (12 + 1,5)

Карлос Саинц 13 (10 + 3)

Кими Антонели 12,5 (5 + 7,5)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Нема крај на проблемите: Откажување ѝ се заканува и на третата трка на Формула 1 по ред

По откажувањето на Големите награди на Саудиска Арабија и Бахреин поради политичката ситуа…