Дома Фудбал Хаос во Англија: Фудбалери и тренери преизвикаа општа тепачка (Видео)

Хаос во Англија: Фудбалери и тренери преизвикаа општа тепачка (Видео)

Натпреварот помеѓу тимовите на Бристол Сити и Милвол во англиското првенство Чемпионшип (втора дивизија) беше во сенка на жестока пресметка што се случи по последниот свиреж, а во која учествуваа играчи и тренери од двата тима.

Милвол постигна неочекувана победа на гости со резултат од 1:0 против тим кој се бори за промоција во повисок ранг. Сепак, целиот натпревар остана во сенка на остриот судир на играчите по истекот на 90 минути од играта.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тренери, играчи и тренерскиот штаб на двата тима беа дел од оваа жестока борба, при што можеа да се видат и неколку критични моменти со удари со песници.

Тренерите се обидоа да го спречат понатамошниот хаос, но еден од нив извлече најлошо. Имено, тренерот на Милвол, Алекс Нил, беше жестоко турнат на клупата од страна на играчот на Бристол, Џејсон Најт, и се соочува со сериозна казна.

Уште не е јасно зошто дојде до овој судир, но се претпоставува дека причината е понишениот гол на Бристол Сити во надокнадата. Голот беше поништен поради офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлегри едно засилување сигурно добива во јануари, Милан договори Колумбиец!

Масимилијано Алегри има амбициозна цел да се врати на голема врата оваа сезона, веќе пости…