Дома Топ вести Бурно во соблекувалната на Барса – две ѕвезди се закануваат со заминување

Бурно во соблекувалната на Барса – две ѕвезди се закануваат со заминување

Иако многумина беа скептични, Ернесто Валверде се покажа како достојна замена за Луис Енрике. Барса е прва на табелата со дуро 8 бода предност пред Реал, а одлично им оди и во Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Валверде од неговото доаѓање на клупата повлече неколку радикални потези, кои се покажаа исправни. До тогаш незаменливиот Маскерано го пресели на клупата и ги „пречкрта“ Вермален и Арда Туран.

Очигледно Валверде има јасна цел и визија, па челнивите на клубот одлучија да го послушаат. Медиумите тврдат дека Барса ќе направи се уште во јануари да го донесе Кутињо, но се чини дека Бразилецот не е приоритет за тренерот.

Сепак, на лето би можело да следи вистинска револуција на „Камп Ноу“. Луис Саурез игра многу лошо оваа сезона, Пако Алкасер почна да дава голови, но не може да биде прва опција.

Доаѓањето на Антоан Гризман би значело истиснување на Суарез од првата постава. Дембеле сигурно ќе игра кога ќе се врати од повредата, бидејќи Валверде има голема доверба во него.

Меѓутоа, Уругваецот не сака да ја дели минутажата со Гризман, па дури медиумите тврдат дека Французинот како услов поставил да биде стартер, тоа му е поважно од парите. Поради тоа Суарез сериозно се заканува дека ќе замине од „Камп Ноу“.

Суарез ја има поддршката на Меси, кој е веќе лут на Валверде што го истисна неговиот пријател Маскерано. Поради тоа можно е да има големи турбуленции во соблекувалната, но во моментов резултатите се на страната на Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…