Дома Фудбал На Нејмар поради овој потег му порачуваат дека му е време да се пензионира: Престани да се срамш! (Видео)

На Нејмар поради овој потег му порачуваат дека му е време да се пензионира: Престани да се срамш! (Видео)

Бразилецот Нејмар повторно е во фокусот на јавноста, но овој пат не заради неговите мајстории на кои сме навикнати. Бразилската ѕвезда се наоѓа под лупа на јавноста откако на социјалните мрежи се појавија снимки од неговите два неуспешни обиди на атрактивниот потез “rainbow flick” за време на изненадната победа на Сантос против Палмеирас. Иако на 33-годишната ѕвезда не му недостигаше на искуство на теренот, многумина се прашуваат дали ја изгубил магијата која некогаш го правеше еден од најдобрите во светот, пишува Goal.com.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата неуспешни потеза на Нејмар крај корнер знамето привлекоа внимание од погрешните причини, а навивачите не ги штедеа критиките. Профилот PolymarketFC ја сподели снимката со коментар: “ТАЖНА ГЛЕДКА! Нејмр едноставно повеќе го нема она старото.”

Други корисници на социјалните мрежи се надоврзаа со слични коментари. “Човекот е веќе истрошен,” напиша Harisson_utd, додека TheLondonLad_ сугерираше: “‘Напушти го фудбалот пред фудбалот да те напушти тебе.’ Време е за пензија. Во тоа нема срам.”

Слични пораки стигнаа и од други фанови. “Пензионирај се веќе, човече,” се јави DRealist009, а LincolnLumbe заклучи: “Треба да се повлече пред да ја уништи својата легенда.”

Меѓутоа, додека некои навивачи беа разочарани, поранешните бразилски репрезентативци гледаат поинаква слика. Одбранбениот Luisao за ESPN изјави: “Нејмар го делеше теренот со своите соиграчи и беше дел од тимската хемија, што го направи тој процес потежок за Палмеирас.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…