Дома Фудбал Роналдо не запира да тресе мрежи: Го постигна и 953. гол во кариерата! (Видео)

Роналдо не запира да тресе мрежи: Го постигна и 953. гол во кариерата! (Видео)

Фудбалерите на Ал-Наср славеа на гостувањето кај Неом со резултат 3:1 во рамките на 8-то коло од саудиската Премиер лига, а повторно центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот напаѓач во 65. минута реализираше пенал со кој го зголеми водството на 2:0, дополнително подобрувајќи ја својата статистика. Сега е на неверојатни 953 постигнати голови во неговата славна кариера. Ова му беше 30. гол откако наполни 40 години. Видео од голот можете да погледнете овде.

Сите клучни моменти на натпреварот се случија во второто полувреме и започнаа со водечкиот гол на гостите кога Анџело се запиша во 47. минута.

Големи проблеми се создадоа за домаќините во 56. минута кога Родригез заработи директен црвен картон, а следеше и веќе споменатиот гол на Роналдо.

Шест минути пред крајот, Абду врати надеж за домаќините, но само две минути подоцна Жоао Феликс постигна гол за конечните 3:1.

Ал-Наср е на врвот на табелата со сите осум победи, водат со три бода пред второпласираниот Ал-Таавон, додека Неом е на седмата позиција.

Сега следува репрезентативна пауза во која Роналдо ќе се обиде да го зголеми својот учинок постигнувајќи голови за португалската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …