Дома Моторспорт Страшен инцидент во Формула 1: Болидот се одбиваше од заштитните огради! (Видео)

Страшен инцидент во Формула 1: Болидот се одбиваше од заштитните огради! (Видео)

На трката од Формула 1, што се одржа на патеката Интерлагос во Бразил, во последниот круг од трката, од патеката излета домашниот натпреварувач Габриел Бортолето, кој вози за тимот Заубер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неповолната ситуација се случи токму на стартниот правец каде се достигнува најголема брзина.

Бразилецот налета на дел од патеката кој беше мокар, што им предизвикуваше проблеми и на другите возачи, вклучувајќи го и Оскар Пјастри, кој исто така излета, но со помали последици.

Бортолето ја изгуби контролата врз болидот, па при голема брзина удри во оградата од гуми, комплетно го уништи своето возило. Останува неизвесно дали ќе може да се натпреварува во квалификациите.

Навивачите на трибините беа шокирани и за момент останаа неми, но за среќа, Бортолето бргу се јави и извести дека е добро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…